Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека Иран „само се согласил“ никогаш да не поседува нуклеарно оружје.
„Сега имаме најсилна граница, најдобра берза и најголем успех што нашата земја некогаш го имала, а патем, ја имаме и Исламската Република Иран која штотуку се согласи никогаш да нема нуклеарно оружје, а Хормуз наскоро ќе биде отворен“, рече Трамп во објава на неговата мрежа Truth Social.
Тој додаде дека цените на бензинот нагло ќе паднат, а куповната моќ ќе биде далеку поголема отколку што покажаа бројките од годините на администрацијата на неговиот претходник Џозеф Бајден, обележани со рекордна инфлација.
Сепак, светската јавност се уште е резервирана во однос на ставовите на Трамп, од едноставна причина што тој неколку пати претходно најавуваше дека договор е постигнат, но во реалноста тоа се уште не се случило.
