Бугарин обвинет за шпионажа со дрон во Грција

Бугарин

Бугарин беше обвинет во понеделник за шпионажа за наводно користење дрон за фотографирање на поранешен воен камп во Солун, и беше ослободен до судењето, јави денеска Катимерини.

35-годишниот осомничен беше приведен во сабота откако еден граѓанин ги известил властите дека управува со дронот, а полицијата утврдила дека немал потребна дозвола.

Прегледот на дронот наводно открил термичка слика од поранешниот воен камп Фармакис во градската населба Каламарија.

Осомничениот ги негираше обвиненијата, велејќи дека тестирал новостекнат дрон, не бил свесен за близината до поранешниот воен објект и случајно ја направил термичката слика. Тој рече дека живее и работи со години во Солун.

Тој беше ослободен од притвор под услов редовно да се јавува во полициска станица и да не ја напушта земјата.

Најчитано