Осум членови на екипажот загинаа откако бомбардерот Б-52 Стратофортрес се урна кратко по полетувањето од воздухопловната база Едвардс во Калифорнија, соопштија претставници на базата.
Авионот полетал на рутинска тест мисија како дел од програмата за модернизација на радарскиот систем, а несреќата се случила неколку моменти по полетувањето, објави Си-Ен-Ен.
Според базата, меѓу загинатите имало припадници на армијата, државни службеници и владини службеници.
Компанијата Боинг објави дека двајца нејзини вработени се меѓу жртвите.
Сочувство до семејствата на жртвите изразија секретарот на воздухопловните сили Трој Мајнк, претседателот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон и гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом.
Воените претставници започнаа истрага за причините за несреќата.
Официјалните лица изјавија дека прелиминарните резултати не се очекуваат пред крајот на околу шест месеци.
Си-Ен-Ен објави дека падот на Б-52 е најсмртоносната несреќа од типот бомбардер од 1982 година, кога девет членови на екипажот загинаа за време на тест обука во Калифорнија.
Б-52 „Стратофортрес“ е во оперативна употреба од 1955 година и е еден од најстарите авиони во воздухопловните сили на САД.
Иако повеќе не е во производство, авионот е модернизиран со децении за да остане во употреба, а тековните програми за надградба вклучуваат нови мотори и надградби на клучните системи.
Овие бомбардери, забележува Блумерг, одиграа клучна улога во операцијата „Пустинска бура“ на почетокот на 1990-тите, а неодамна беа вклучени во операции против Иран, каде што учествуваа во гаѓање важни цели, вклучувајќи системи за воздушна одбрана и командни пунктови.
