Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Шала, косовски експерт за безбедност: Москва го користи прашањето за статусот на Косово како лост за привлекување на српската јавност и ширење проруски чувства и политики

Нагласувајќи го Косово како стратешка цел за ширење на руска пропаганда меѓу српската јавност, пред сè, косовскиот експерт за безбедност, Дризан Шала, смета дека Русија со влегување на Србија во НАТО ќе го изгуби влијането што го има на овој дел од регионот на Западен Балкан.

Според Шала, Русија е заинтересирана косовското прашање да се користи како маска за покривање на стратешките грешки, како што е оставањето на енергетската безбедност во рацете на Москва. Од своја страна, вели Шала, Москва го користи ова влијание врз прашањето за статусот на Косово како лост за привлекување на српската јавност и ширење проруски чувства и политики.

„Тоа го докажуваат изјавите на руските функционери. Србија со членството во НАТО би го изгубила Косово, дел од националниот суверенитет и меѓусебното разбирање со пријателската земја Русија, како и заедничките активности на БИА и ФСБ на територијата на Србија. ФСБ ја користи инфраструктура на БИА за да функционира и да дејствува на територијата на Република Косово, преку нивните криминални структури инсталирани на северот на земјата. Поради интензитетот и начинот на работа на овие структури на Русија во Косово, сите оние луѓе кои имаат своја тежина во јавноста и носат различни потенцијални функции се загрозени со дејствија кои можат да имаат облик на пропаганда или дури и во формат што сега е познат како воен хибрид“, изјави Шала.


Изјавата е дел од анализата „Руската пропаганда меѓу Албанците: Континуирана поларизација

ЦивилМедиа

Зачлени се на нашиот е-билтен