Кумановка платила 9.000 евра за странски пасош, уапсен кавадарчанец

Полицијата уапси 32-годишен жител на Кавадарци, осомничен дека измамил 50-годишна жена од Куманово за 9.000 евра, ветувајќи ѝ дека ќе посредува за добивање странски пасош.

Според пријавата, осомничениот првично побарал 400 евра за наводното посредување. Потоа во повеќе наврати барал дополнителни суми, поради што кумановката за краток период му предала вкупно 9.000 евра. Тој продолжил да бара уште пари.

По преземените мерки од ОВР Кавадарци и СВР Куманово, осомничениот бил уапсен на 23 јули во 13:50 часот на Градскиот плоштад во Кавадарци. Кај него биле пронајдени 2.000 евра што непосредно пред апсењето ги зел од жената. Парите претходно биле криминалистичко-технички обработени од полицијата.

Мажот бил задржан во полициска станица, а потоа изведен пред јавен обвинител. Според соопштението на МВР пренесено од Скопје1, тој го признал делото.

По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава за „измама“ според член 247 став 1 од Кривичниот законик.

Најчитано