Двајца случајни минувачи денеска реагирале и извлекле жена од реката Вардар во близина на Камениот мост во центарот на Скопје.
Жената, на возраст од околу 50 години, по спасувањето била преземена од екипа на Итната медицинска помош и пренесена во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде ѝ била укажана лекарска помош.
На местото пристигнале и две екипи на интервентната полиција и екипа на „Алфа“. Засега нема официјални информации за околностите под кои жената завршила во реката, ниту за нејзината здравствена состојба.
