Срби биле нападнати во Дубровник, нивниот автомобил бил оштетен со палки, а потоа ги бркале

Дубровник

Неколку напаѓачи синоќа оштетиле возило со српски регистарски таблички со палки, дознава „Дубровник дејли“.

Нападот се случил во областа Лапад, а две лица кои бегале од напаѓачите се здобиле со полесни повреди. Во овој момент не е познато дали лицата биле повредени од напаѓачите или се здобиле со повреди додека бегале од напаѓачите. Патем, возилото било со регистарски таблички од градот Зрењанин.

Полициската управа на Дубровник-Неретванската жупанија потврди дека конфликтот се случил синоќа, кратко пред 2 часот наутро, при што едно патничко возило било оштетено, а двајца државјани на Република Србија се здобиле со полесни повреди.

Во тек е кривична истрага, по што ќе бидат познати повеќе детали за овој настан.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Каква тастатура користите на мобилниот телефон?