Македонските кошаркари со убедлива победа против Австрија

Македонските кошаркари со убедлива победа ги стартуваше преткавлификациите за Евробаскетот во 2029 година.

Во првиот натпревар, од вториот претквалификациски круг за Евробаскетот 2029-тa Македонија ја победи Австрија со 59-91.

По само 10 изминати минути игра, Македонија веќе имаше убедлива предност од 16 поени 14-30. Во продолжението нашата селекција ја зголеми предноста и на одмор меѓу двете полувремиња зами со 19 поени предност 30-49.

 Нашите репрезентативци во второто полувреме рутински ја одржуваа и одвреме навреме ја зголемуваа предноста. На крајот, Македонија славеше со убедливи 32 поени разлика.

Ненад Димитријевиќ заврши со троен ефект со 15 поени, 14 скокови и 11 асистенции. Новата американско засилување Мозес Ентони Врајт за малку неоствари дабл-дабл, завршувајќи го натпреварот со 12 поени и 9 скокови. Најефикасен беше Ефремовски со 17 поени, а двоцифрен беше и Мекиќ постигна дванаесет.

За Македонија ова беше прв триумф, а за Австријците втор пораз, оној пред три дена на гостувањето кај Кипар. Токму Кипар ќе биде следниот противник на Македонија и тоа на домашен терен пред македонските навивачи на 26 ноември.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали вашето семејство приготвува ајвар?