Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ОН: Франција сериозно да се позанимава со прашањето на расизмот и расната дискриминација во полицијата

Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации денеска соопшти дека е загрижена поради убиството на тинејџер од страна на полицијата, што предизвика немири низ Франција.

„Ова е момент земјата сериозно да се позанимава со прашањето на расизмот и расната дискриминација во полицијата“, рече портпаролката на Канцеларијата за човекови права на ОН, Равина Шамдасани.

Таа го нагласи значењето на „мирното собирање“ и ги повика властите при употреба на сила за сузбивање на насилните елементи на демонстрациите, да ги почитуваат „принципите на законитост, неопходност, пропорционалност, недискриминација, претпазливост и одговорност“. 

Зачлени се на нашиот е-билтен