Сабјата на Кемал Ататурк пристигна во Битола

Ататурк

Министерството за национална одбрана на Република Турција донираше сабја, еполета, статуата „Ататурк и Манастир“, како и опрема за мултимедијална презентација за Спомен-собата на големиот турски реформатор Мустафа Кемал – Ататурк во „Завод и музеј“ – Битола. Со ова, музејската збирка посветена на овој значаен дел од историјата на османлиска Битола и на Ататурк, кој учел во некогашната битолска Воена гимназија, е збогатена со нови предмети.

Денес, по повеќе од еден век откако Ататурк учел во Битола, градот продолжува да го чува сеќавањето на тој период и да го споделува со посетители од Турција, Македонија и од целиот свет.

„Вистинската вредност на музејскиот предмет е приказната што тој ја носи и можноста таа приказна да им биде пренесена на следните генерации. Благодарни сме што ова наследство продолжуваме да го чуваме и да го презентираме со почит и одговорност“, истакна Маргарета Спасов, директорка на НУ „Завод и музеј“ – Битола.

Донацијата е уште еден придонес кон зачувувањето на историската меморија и продолжувањето на институционалната и на културната соработка меѓу двете земји.

„За нас има особено значење предметите што потсетуваат на тој период да бидат токму овде, во Битола, каде што оваа историја природно припаѓа. Со оваа донација придонесуваме кон зачувувањето на историската меморија и кон натамошното продлабочување на пријателството и на соработката меѓу двете земји“, изјави мајор Ондер Арикан од Република Турција.

Токму турските туристи во последните години се најбројни во Битола. Не минува ден без посета од поголема група туристи од Турција. Неодминлива дестинација им се Спомен-собата на Ататурк и балконот на Широк Сокак од кој се верува дека убавата рисјанка Елени Каринте го гледала саканиот Ататурк. Љубовната приказна иако историски непотврдена, стана вистинска туристичка атракција, па Елени и Ататурк се своевидни битолски Ромео и Јулија.

Ж. З.

*Содржината е преземена од Локал Актив Пелагонија, Онлајн медиум на локалните заедници од пелагонискиот регион во РСМ, вклучително на ранливите групи граѓани и граѓанските организации што работат со нив.

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дата центри - дали сте информирани, дали поддржувате?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Информиран/а сум и поддржувам, тоа е иднината 310 (29%)
29 %
⁠Информиран/а сум и не поддржувам, тоа е закана 304 (29%)
29 %
Поддржувам само ако се обезбеди заштита на животната средина 247 (23%)
23 %
⁠Не сум доволно информиран/а 201 (19%)
19 %