Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Санчез: ЕУ е решена да и помогне на Украина во борбата против руската агресија

Шпанскиот премиер Педро Санчез, кој допатува во посета на Кијив, денеска изјави дека Европската унија е решена да и помогне на Укарина во борбата против руската агресија, јави Радио Слободна Европа.

Тој одржа говор во украинскиот Парламент каде рече дека ЕУ ќе биде со Украина онолку долго колку што е потребно.

Тука сум да ја изразам цврстата решеност на ЕУ и Европа против нелегалната и неоправдана руска агресија врз Украина. Ова е агресорска војна. Агресорот и жртвата не може да се третираат подеднакво, а игнорирањето на правилата не треба да се наградува на кој било начин. Затоа го поддржуваме мировниот план на Зеленски, истакна шпанскиот премиер, чија земја од денеска е нов претседавач со ЕУ.

Осврнувајќи се на можноста за мировни преговори, Санчез нагласи дека „само Украина може да ги одреди условите и времето за тоа“.

Санчез во Кијив ќе оствари средба со украинскиот претседател Володимир Зеленски по што ќе одржат заедничка прес конференција.

Г. Т.

Зачлени се на нашиот е-билтен