Паркот на Франкофонијата од 18 до 20 септември повторно ќе стане место за улична храна, музика и семејно дружење со второто издание на Street Food Picnic. Настанот годинава е замислен како тридневен пикник на отворено со гастрономска понуда, концерти и активности за деца.
На штандовите ќе се претстават девет гастрономски учесници – Milky, Oljo’s, Transilvanisko trdlo, „Жешко Компирче“, Sweet Corner, „Сутлијаш Бар“, Panino, Noa Gyradiko и Mustacos, со избор на солени и слатки специјалитети.
Музичката програма почнува во петок со Golemata Voda и Vaso. Во сабота ќе настапат Shurbe, Day Off и Flooder, додека во недела програмата ќе ја затворат Dimish, Trio Zigot и Machki.
За најмладите се предвидени детски работилници, игри и креативни активности во текот на викендот.
„Идејата е едноставна – да излеземе од дома, да се собереме во парк, да каснеме нешто вкусно, да слушаме добра музика, а децата да имаат свои активности и забава“, порача градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски.
Во петок програмата започнува во 17 часот и трае до полноќ, а во сабота и недела настанот започнува во 12 часот и трае до полноќ. Street Food Picnic 2 се одржува со поддршка на Општина Центар.

