Јаболко 4 денари, дневница 3.000 – Преспа ја почна бербата со загуба

Србија

Бербата на јаболката во Преспа почна со откупна цена од само четири денари за килограм индустриско јаболко, додека дневницата за сезонски работник достигнува околу 2.500 до 3.000 денари. Овоштарите велат дека со ваква математика не можат да ги покријат ниту основните трошоци.

За да се исплати само една дневница од околу 3.000 денари, производителот треба да продаде приближно 750 килограми индустриско јаболко – без трошоците за производство, препарати, ѓубрива, транспорт, храна и сместување за работниците.

Производителите проценуваат дека производството на еден килограм јаболка чини околу десет денари, што е повеќе од двојно од актуелната откупна цена за индустриското јаболко.

Поради тоа дел од овоштарите засега не го берат родот и чекаат подобра цена.

„Цената на индустриското јаболко е четири денари, а еден работник бара околу 50 евра. Со јаболката што ќе ги собереме не можеме да ги платиме работниците“, вели преспанскиот овоштар Кире Карапалевски.

Проблем е и цената на јаболката за консумација. Производителите велат дека дел од сортите се откупуваат за околу 15 до 25 денари за килограм, значително пониско од минатата година.

Истовремено, годинашниот род е значително намален. Пролетните мразеви и градот направиле штети во овоштарниците, а според проценките на производителите, приносот на места е намален за околу 50 проценти.

Недостигот од работна сила дополнително ја отежнува бербата. Во Преспа доаѓаат сезонски работници од Албанија, Битола и Прилеп, а меѓу ангажираните има и пензионери.

Овоштарите посочуваат и дека сè уште чекаат дел од субвенциите за јаболка предадени во 2024 година.

Преспанскиот јаболкобер трае околу еден месец, а производителите предупредуваат дека доколку откупната цена остане на сегашното ниво, дел од родот може воопшто да не биде собран.

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?