Пожарот на Шара сè уште активен, екипите остануваат на терен

Пожарот над Боговинско Езеро на Шар Планина и натаму е активен, а екипите остануваат на терен и ја следат состојбата и движењето на огнот.

Пожарот беше пријавен денеска претпладне на пасишта во тешко пристапен планински предел, во граничниот појас меѓу Македонија и Косово.

Според првичните информации од надлежните служби, огнот не претставува непосредна опасност за шумскиот фонд. Сепак, поради непристапноста на теренот и можноста пожарот да се прошири, состојбата се следи континуирано.

Регионалниот центар за управување со кризи – Тетово претходно информираше дека пожарот бил пријавен во 11:54 часот, по што било известено ЈП „Национален парк Шар Планина“.

Од Националниот парк потврдија дека огнот зафатил пасишта над Боговинско Езеро. Поради конфигурацијата на теренот, пристапот до местото е отежнат.

Екипите остануваат во реонот и ќе реагираат во зависност од развојот на пожарот и можноста за негово ширење кон шумските површини.

Рацин.мк ве прашува:

Дали имате доверба во квалитетот на храната што се продава во Македонија?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Не, немам доверба дека знаеме што навистина јадеме 1399 (64%)
64 %
Делумно, но потребни се почести и построги контроли 431 (20%)
20 %
Не можам да проценам, недостигаат доволно информации 234 (11%)
11 %
Да, контролите се доволни и храната е безбедна 115 (5%)
5 %

Најчитано