Рестораните поскапи за 3,8 проценти

Цените во угостителството во септември биле за 3,8 проценти повисоки од истиот месец лани, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Само во однос на август растот е мал, 0,1 процент, а го предизвикало поскапувањето на храната. Цените на алкохолните и безалкохолните пијалаци, како и на ноќевањата, во септември не се промениле.

Подолгиот период, сепак, покажува појасна слика за растот на цените. Од јануари до септември угостителските услуги во просек биле за 3,1 процент поскапи отколку во истиот период минатата година.

Најголем раст во првите девет месеци е забележан кај алкохолните пијалаци, кои поскапеле за 5,7 проценти. Храната е поскапа за 4,7 проценти, а безалкохолните пијалаци за 3,6 проценти.

Во спротивна насока се движат цените на сместувањето. Ноќевањата во периодот јануари–септември биле за 3,6 проценти поевтини во споредба со истиот период во 2025 година.

Во однос на декември минатата година, вкупните цени на угостителските услуги до септември се зголемиле за 1,5 процент.

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали ЕУ го признава македонскиот идентитет?