Грција под вода, порои носат автомобили и затвораат училишта

Силно невреме погоди повеќе делови од Грција, предизвикувајќи поплави, прекини на струја, затворени патишта и проблеми во поморскиот сообраќај. Најтешко се погодени Скијатос, Евија, Атика и Родос, а во повеќе региони училиштата останаа затворени.

На Скијатос пороите однеле два паркирани автомобили, поплавени се куќи, продавници и улици, а паднати дрвја блокирале дел од патиштата. Локалните власти најавија дека ќе побараат островот да биде прогласен за подрачје погодено од вонредна состојба.

Сериозна е ситуацијата и на Евија, каде по излевањето на реката Киреас бил затворен главен пат кон Халкида, а во близина на Политика се урнал помошен мост.

Противпожарните служби во Атика и Евија до утрово добиле 58 повици за интервенција, главно за испумпување вода, отстранување паднати дрвја и расчистување на патиштата.

На Родос властите испратија предупредување преку системот 112 со повик граѓаните да ги ограничат движењата. Поплавите затворија дел од патната мрежа, а во Асгуру пожарникарите спасиле жена чиј автомобил останал заглавен во надојдената вода.

Поради силниот ветер е воведена забрана за испловување од пристаништата Пиреја и Лаврио, а нарушен е и дел од локалниот поморски сообраќај.

Училиштата и градинките се затворени во повеќе делови од Кикладите и Додеканезите, како и на Евија, Скијатос и Скопелос.

Грчката метеоролошка служба предупредува дека обилните дождови и грмежи ќе продолжат во повеќе региони, а најсилни врнежи се очекуваат на Евија, Спорадите, источна Тесалија, Додеканезите и Крит.

Во северниот и централниот дел на Егејското Море се прогнозира силен ветер со удари кои на места може да надминат 100 километри на час.

Властите ги повикуваат жителите и туристите во погодените области да избегнуваат непотребни патувања, поплавени улици и преминување преку надојдени реки и потоци.

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој е најодговорен за тоа што Македонија сè уште се задушува во диви депонии?