Романскиот претседател Никушор Дан побара засилен надзор на НАТО во Црното Море по нападите со дронови врз трговски бродови крај Романија и Бугарија. Во интервју за Еуроњуз оцени дека трајната безбедност во регионот зависи од завршувањето на руската војна во Украина.
Дан призна дека Романија не била подготвена за зачестените упади на дронови и дека сега се соочува со слични слабости во заштитата на морскиот простор. Тој очекува сојузничка поддршка за подобра заштита на пловните патишта.
На маргините на самитот на ЕУ во Брисел, Дан и бугарскиот премиер Румен Радев разговарале со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Бугарија побарала борбени авиони и системи против дронови, а Франција, според Дан, ветила опрема за Романија.
Руте најавил натамошно зајакнување на источниот дел на Алијансата, вклучително и на способностите за одбрана од дронови.
Истрагите за нападите продолжуваат. Букурешт и Софија засега не утврдиле конечна одговорност на Русија
