Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Саботата ќе помине со слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Во Скопје се прогнозираат сончеви периоди и променлива облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
Во недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Од понеделник облачноста ќе биде мала, а временските услови ќе се стабилизираат.
Ќе дува северозападен ветер, кој во понеделник и вторник долж Повардарието повремено ќе се засилува
