Барселона – Реал во центарот на европската фудбалска програма

Богата програма во петте најсилни европски фудбалски првенства ги очекува навивачите викендов. Најзвучната пресметка е оставена за недела навечер, кога Барселона и Реал Мадрид ќе играат од 21 часот на „Камп Ноу“, во рамките на десеттото коло на шпанското првенство.

Саботата започнува со Астон вила – Манчестер сити

Англиската програма се отвора во 13:30 часот со гостувањето на Манчестер сити кај Астон вила. Од 16 часот Арсенал игра против Евертон, а во вечерниот термин од 18:30 часот следува лондонското дерби Челси – Тотенхем на „Стемфорд бриџ“.

Речиси паралелно се играат и две интересни средби во Италија и Германија. Наполи ја пречекува Рома од 18 часот, додека Борусија Дортмунд и Ајнтрахт Франкфурт се среќаваат од 18:30 часот.

Во Шпанија, Валенсија е домаќин на Вилјареал од 18:30 часот, а Атлетико Мадрид го пречекува Депортиво Ла Коруња од 21 часот.

Од Интер – Фиорентина до неделното Ел Класико

Неделниот фудбалски ден во Италија започнува напладне: Интер и Фиорентина играат од 12:30 часот. Јувентус подоцна гостува кај Лече од 18 часот, а Милан кај Удинезе од 20:45 часот.

Во Премиер лигата, Ливерпул – Брајтон и Манчестер јунајтед – Борнмут се закажани за 15 часот.

Германската програма носи Хофенхајм – Баер Леверкузен од 15:30 часот, по што Баерн гостува кај Фрајбург од 17:30 часот. Завршницата на неделната вечер ќе ѝ припадне на пресметката меѓу Барселона и Реал Мадрид.

Монако – Лил во недела, ПСЖ – Лион ден подоцна

Во француското првенство се издвојува средбата Монако – Лил, која започнува в недела од 15 часот.

Дуелот меѓу ПСЖ и Лион, првично предвиден за недела, е преместен за понеделник од 20:30 часот поради безбедносните потреби поврзани со најавените протести во Париз

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?