Уапсен албански државјанин за намерно предизвикување пожар кај Прилеп

Полициски службеници од Полициското одделение Ропотово на 23 октомври во 14:20 часот го уапсиле М.Џ. (38) од Албанија, откако, според полицијата, бил затекнат како предизвикува пожар на сува трева на отворен простор.

Настанот се случил на местото викано „Коливади“, во атарот на селото Житоше, прилепско. Пожарот го изгаснала екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп.

За настанот е известен јавен обвинител, а уапсениот е предаден во ОВР Прилеп.

По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава за „Предизвикување општа опасност“, според член 288 од Кривичниот законик.

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?