„Менуваме“ до Ѓорѓиевски, Скопје мора да биде достапно за сите

Непристапните тротоари и непрописно паркираните возила го ограничуваат самостојното движење на лицата со попреченост во Скопје, реагира коалицијата „Менуваме“. Во критиката упатена до градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, коалицијата бара институционална одговорност за пречките со кои овие граѓани се соочуваат секојдневно.

„За некого сендвичот е пауза, а за некого излегувањето од дома е ризик, зависност од туѓа помош и уште едно разочарување од институциите“, порачуваат од „Менуваме“.

Од коалицијата нагласуваат дека работата на локалната власт се оценува и според тоа дали слепите лица можат безбедно да се движат и дали луѓето што користат колички можат самостојно да стигнат до својата цел. Пристапноста ја посочуваат како основно човеково право.

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кога очекувате комплетно завршување и пуштање во употреба на автопатиштата?