Тиквеш обезбеди пласман во четвртфиналето на Купот на Македонија, откако го совлада Вардар со 3:1 на комплексот на ФФМ во Скопје. Кавадарчани сите три гола ги постигнаа во второто полувреме и го завршија куп-настапот на „црвено-црните“.
По првото полувреме без голови, Окебе го отвори резултатот во 49. минута, искористувајќи грешка на Матиќ. Вардар израмни преку Николов во 57. минута, но нерешениот резултат се задржа само пет минути.
Сила повторно го доведе Тиквеш во водство во 62. минута, а Лавал во 75. минута ги постави конечните 1:3.
Неизвесно беше и во Ѓорче Петров, каде што Македонија ЃП ја елиминира Брегалница по изведување пенали. Со тоа „лавовите“ се приклучија меѓу осумте најдобри екипи во натпреварувањето.
Место во четвртфиналето обезбедија и Шкендија Арачиново, Струга Трим Лум, Работнички и Скопје. Шкендија Арачиново славеше со 2:0 на гостувањето кај Башкими, додека Струга со истиот резултат ја совлада Беласица на домашен терен.
Осминафиналната програма го вклучува и дуелот Пелистер – Силекс, закажан за денеска од 16:30 часот. Средбата Брера – Арсими е предвидена за 25 ноември

