Македонски Телеком денес, 28 октомври, ја пушти во употреба првата самостојна 5G+ мрежа во Македонија, позната како 5G Standalone. Според компанијата, технологијата овозможува поврзување приспособено на различните потреби на корисниците, вклучително и приоритетен пристап за одредени услуги.
Новата архитектура овозможува мрежно сегментирање, односно создавање виртуелни сегменти со различни брзини, време на реакција и приоритет. Тоа може да се користи за стабилна врска на масовни настани, деловни видеоповици, гејминг и индустриски апликации.


Првата корисничка услуга што ја користи оваа можност е T Priority. Се активира преку апликацијата Telekom MK и важи 24 часа, а операторот наведува дека обезбедува приоритетен пристап до мрежата.
За користење се потребни постпејд претплата, соодветна покриеност, компатибилна СИМ-картичка и телефон со ажуриран софтвер. Во почетната фаза се поддржани T Phone 3 Pro и Samsung Galaxy S26, S26+ и S26 Ultra. Компанијата најавува проширување на листата и со Xiaomi 14T Pro и Xiaomi 15.


ФОТО: Надица Манева Ангеловски (Рацин.мк)

