(ВИДЕО) Хари Кејн ја освои „Златната топка“, па славјето го пресели во ноќен клуб

PHOTO: EPA

Хари Кејн ја продолжи прославата за својата прва „Златна топка“ во лондонски ноќен клуб, а снимките од забавата се проширија на социјалните мрежи. По свеченоста на 26 октомври во „Лондон паладиум“, напаѓачот на Баерн и капитен на Англија славел со семејството, пријателите и поранешните соиграчи во клубот „Сирк ле соар“ во Сохо.

На објавените снимки Кејн танцува и наздравува, опкружен со сопругата Кејти Гудланд и своите најблиски. Меѓу гостите биле Ерик Даер, Бен Дејвис и Мет Доерти, фудбалери со кои го делеше теренот во Тотенхем. Присуствувал и неговиот поранешен тренер Тим Шервуд.

Прославата следуваше по емотивниот говор на доделувањето, во кој Кејн посебно ѝ се заблагодари на сопругата за поддршката низ подемите и падовите во кариерата. Признанието го претстави како заеднички успех на семејството и луѓето што биле покрај него.

„Ова е трофеј што го славиме заедно, а не само јас“, ѝ порача тој на Кејти. Им се заблагодари и на родителите за работните навики што му ги всадиле, а на децата им порача дека сака да им биде пример и како татко и како професионалец.

Кејн стана првиот Англичанец што ја освоил машката „Златна топка“ по Мајкл Овен во 2001 година. Во гласањето заврши пред Килијан Мбапе и Ламин Јамал.

По лондонската прослава следуваше и пречек во Баерн. Клубот објави видео од неговото враќање и од славјето со соиграчите и вработените по освојувањето на признанието

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?