Ѓорческа почна со 6:0, но остана без четвртфинале во Истанбул

Лина Ѓорческа го заврши настапот во осминафиналето на ИТФ В50 турнирот во Истанбул, откако загуби од Ралука Шербан од Кипар со 1:2 во сетови — 6:0, 1:6, 4:6.

Македонската тенисерка убедливо го отвори натпреварот, освојувајќи го првиот сет без загубен гем. Сепак, Шербан возврати во вториот, во кој ѝ препушти само еден гем на Ѓорческа и го израмни резултатот.

Во решавачкиот сет кипарската тенисерка поведе со 5:2. Ѓорческа успеа да намали на 5:4 и да ја врати неизвесноста, но противничката го освои следниот гем и го обезбеди пласманот меѓу најдобрите осум. Дуелот траеше околу два часа.

Ѓорческа претходно во првото коло ја елиминира третата носителка, Берфу Ченгиз од Турција, со 2:1 во сетови — 3:6, 7:6, 6:4.

Со денешниот резултат, меѓусебниот скор на Ѓорческа и Шербан е израмнет на 4:4. Следниот настап македонската тенисерка треба да го има на ИТФ турнирот во Ираклион

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?