Книжевна вечер со „Настанот“ од Ани Ерно на 5 ноември

На 5 ноември во 19 часот во Францускиот институт во Скопје ќе се одржи книжевна средба и промоција на македонскиот превод на романот „Настанот“ од Ани Ерно, добитничка на Нобеловата награда за литература во 2022 година. Организатори се Францускиот институт во Скопје и издавачката куќа „Илика“.

За романот ќе говорат Катерина Шекутковска, уредничка во „Илика“, и Елисавета Поповска, преведувачка на делото и професорка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје.

Разговорот ќе го модерира Ведран Диздаревиќ, професор на Катедрата за општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет во Скопје.

Средбата ќе ги отвори книжевните и општествените аспекти на делото, а посетителите ќе имаат можност да поставуваат прашања и да разменуваат мислења со учесниците.

Настанот ќе се одвива на македонски јазик. „Настанот“, како и други наслови на тема автофикција, ќе може да се купи по промотивна цена.

Место за присуство може да се обезбеди преку онлајн-формуларот за пријавување.

Рацин.мк ве прашува:

Дали студентскиот „земјотрес“ во Србија ќе ја разбуди и македонската политичка сцена?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Никаков ефект - нашите млади веќе се спремаат да се иселат 731 (42%)
42 %
Само партиска козметика - партиите во МК ќе измислат свои „студентски крила“ за да го скротат бранот 381 (22%)
22 %
Ќе ги охрабри младите - политиката не е резервирана само за „старите играчи“ 316 (18%)
18 %
Паника во власта - политичарите ќе нудат бенефици за да пресретнат револт 295 (17%)
17 %

Најчитано