Првиот човек на српските новинари бара црн екран на јавниот сервис, па нов почеток

Фото: Свјетлопис зграда Радио-телевизије Србије у Биограду

Јавниот сервис во Србија мора еден ден целосно да ја прекине програмата за да се означи крај на долгогодишната пропаганда и нов почеток на институцијата. Ова го изјави претседателот на Независното здружение на новинари на Србија (НУНС), Жељко Бодрожиќ.

Во интервју за телевизијата Н1, лидерот на новинарското здружение порача дека граѓаните на Србија се заложници на децениска медиумска манипулација, а јавниот радиодифузен сервис целосно потфрли во исполнувањето на законските обврски за објективно информирање.

Според Бодрожиќ, единствен начин за враќање на довербата на јавноста е радикален рез во уредувачката политика, кој симболично би започнал со еден ден затемнет екран на државната телевизија. Тој смета дека таквиот потег би бил јасен знак за раскинување со политичките притисоци што го задушуваат критичкото известување.

Претседателот на НУНС додаде дека независните новинари во Србија работат во крајно отежнати услови, изложени на постојан притисок и омаловажување од центрите на моќ. Тој предупреди дека без темелна професионална реформа на јавниот сервис, демократскиот дијалог во општеството останува сериозно блокиран.

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?