Изложба, сафичко читање и FLINTA* забава го отвораат квир делот на ПРВО ПА ЖЕНСКО 14

Прво па женско

Во петок, 6 ноември, од 20:00 часот во Љубов, Скопје, започнува квир програмата на есенското издание на ПРВО ПА ЖЕНСКО 14, кое се одржува под фестивалската тема „МАЈЧИНСТВУВАЊЕ“. Вечерта обединува изложба на аналогни фотографии, читање со отворен микрофон и диџеј забава. Влезот е слободен.

20:00 ч. | „ПО РАЦЕТЕ“ — изложба на аналогни фотографии на Dykehand

Вечерта започнува со отворањето на „По рацете“, изложба што го пренесува проектот Dykehand од дигиталниот простор во Љубов. Преку аналогни фотографии на лезбејски раце, проектот ги истражува желбата, копнежот по допир и начините на кои се препознаваме дури и кога интимноста не може јавно да се изрази.

20:15 ч. | „ДРАГА САФО“ — сафичко читање со Дафина Веселиновска

„Драга Сафо“ отвора простор за поезија и проза што ѝ даваат јазик на сафичката желба. Дафина Веселиновска ќе го отвори микрофонот за сите што сакаат да споделат свои или омилени сафички песни, прозни извадоци, писма и лични белешки. За учество во читањето, заинтересираните можат да ѝ пишат на Тиииит! Инк. преку директна порака на Инстаграм.

21:30 ч. | SAPPHIC RENDEZVOUS — FLINTA забава*

По читањето, програмата продолжува на подиумот со музички избор на Матеј, Лила и Мариго. FLINTA* е акроним за жени, лезбејки, интерсекс, небинарни, транс и ародови лица. Забавата создава простор за музика, танц и поврзување, а добредојдени се и сојузниците и сојузничките кои ги почитуваат гостите и просторот што го создаваат.

#ППЖ14 е поддржан во рамките на проектот „Култура за развој“ на Владата на Швајцарија, кој се имплементира од Heartefact Fund. Фестивалот ПРВО ПА ЖЕНСКО #14 е финансиран од Шведска, Kvinna till Kvinna, Equality Fund и Global Fund for Women. Содржината и изразените мислења се единствена одговорност на Тиииит! Инк. и не ги одразуваат нужно ставовите на донаторите.

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?