SKOPJE WHISKEY FEST 2026: Шестото издание во ретро духот на Скопје од 70-тите

Skopje Whiskey Fest

На 6 и 7 ноември, хотел „Континентал“ ќе биде домаќин на шестото издание на Skopje Whiskey Fest, фестивал кој ги обединува љубителите на вискито, музиката и автентичните доживувања.

Оваа година, Skopje Whiskey Fest отвора ново поглавје од својата приказна. По пет успешни изданија, фестивалот започнува нов петгодишен циклус во кој ќе патува низ култните скопски простори што носат посебна колективна меморија. Првата станица е легендарниот хотел „Континентал“, кој на две вечери ќе го оживее духот на Скопје од 70-тите, 80-тите па и 90-тите години.

Со внимателно осмислена сценографија, костимографија и музичка програма, шестото издание ќе понуди многу повеќе од класична фестивалска дегустација. Посетителите ќе имаат можност да истражуваат различни фестивалски зони, да се запознаат со приказните зад реномирани виски брендови од Шкотска, Ирска, Америка, Јапонија и Тајван, како и да уживаат во дополнителни гастрономски и останати содржини. Во големите фестивалски сали ќе се одвиваат дегустациите на виски, каде што специјално обучени бармени ќе ги запознаваат посетителите со различните вкусови и ароми, раскажувајќи ја приказната што стои зад секое виски, неговото потекло, традиција и карактер. На горниот кат посетителите ќе можат да уживаат и во специјална понуда на виски коктели подготвени од најдобрите бармени.

Покрај салите, во кои ќе се случува главното дејствие, во игра ќе го ставиме и најкултниот шанк во Скопје – кружниот шанк во Хотел Континентал со препознатливиот кристален лустер. На овој шанк ќе има и авторски интерпретации и коктели инспирирани од некогашната понуда на хотел „Континентал“, во соработка со тимот на Jazzbina.

Музичката програма ќе биде во знакот на ретро звукот. На 6 ноември, DJ Goce & Chvare ќе ја донесат својата винил селекција со ретро звуци и југословенски groove, а KALI & THE OLD STARS ќе настапат во живо, со специјални интерпретации од оваа музичка ера. Пред настапот на камелеонската Кали организаторите ги поканија да настпат дечките од бендот Zanaduu кои претставуваат свежа музичка интерпретација на ретро ерата со современ gen Z модернизам.

За автентичниот визуелен идентитет на фестивалот придонесува и специјалната костимографија создадена во соработка со модното студио KOKEV, кои преку кроевите на кројач Ангелковски и високите светкави чизми на Zoya ќе ги претстават изгледуте од култната ера, додека посетителите се поканети и самите да внесат сопствена ретро модна интерпретација.

Организаторите велат дека Skopje Whiskey Fest не е само фестивал посветен на вискито, туку доживување во кое се испреплетуваат вкусот, музиката, модата и сеќавањата на едно поинакво Скопје.

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?