УГД по полициската акција порача дека мора да се заштити трудот на чесните студенти

Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип најави целосна соработка со полицијата и обвинителството по истрагата за сомнежи за злоупотреба на електронскиот систем за оценки од страна на вработено лице. Од Ректоратот порачуваат дека случајот мора да се расчисти, а трудот на студентите и вредноста на нивните дипломи да бидат заштитени.

„УГД нема да дозволи каков било сомнеж да ги наруши трудот и вредноста на дипломите на илјадниците чесни студенти и вработени“, се наведува во реакцијата.

Од Универзитетот велат дека на Министерството за внатрешни работи и надлежното обвинителство им овозможуваат целосна и неограничена соработка за брзо утврдување на фактите.

Ректоратот нагласува дека има нулта толеранција кон корупција и злоупотреба на службената положба. Посочува дека чесноста, транспарентноста и довербата на студентите се меѓу основните обврски на институцијата.

Во соопштението се додава дека образованието на студентите, наставните обврски, научноистражувачката работа и меѓународната соработка остануваат приоритети на УГД.

Реакцијата следува откако МВР потврди претреси на повеќе локации во Штип и Скопје, во рамките на истрага против Р.Т., раководител на информатичкиот сектор на Универзитетот.

Полицијата постапува по судска наредба, во врска со сомнежи за злоупотреба на службената положба и неовластено навлегување во компјутерски систем. Од МВР најавија повеќе информации по завршувањето на акцијата.

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?