Авион од Даблин кон Рим пренасочен во Франција поради закана за бомба

Фото: MarcelX42, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

Патнички авион на ирската авиокомпанија „Ер Лингус“ што сообраќал на линијата Даблин – Рим денеска итно е пренасочен кон Франција и придружуван од воени авиони по пријавена закана за поставена бомба.

Француските власти потврдија дека военото воздухопловство веднаш по добиената пријава за закана испратило воени авиони за придружба на леталото. Авионот е пренасочен кон воениот аеродром Евре, западно од Париз, соопштија воздухопловните сили на Франција.

Од кабинетот на францускиот премиер Себастиен Лекорну изјавија дека состојбата внимателно се следи. Според податоците од специјализираните страници за следење летови, станува збор за авион од типот „Ербас“ на националниот авиопревозник на Ирска.

Паралелно со овој инцидент, бугарските власти соопштија дека денеска биле упатени закани за бомби и на три лета на „Рајанер“ што сообраќале кон Софија. Два авиони, кои полетале од Копенхаген и Мадрид, успешно слетале во главниот град на Бугарија, додека третиот лет од Лондон бил пренасочен кон Пловдив, информираше Министерството за транспорт на Бугарија.

Овие настани доаѓаат по серијата закани од почетокот на неделата, кога десетина летови ширум Европа беа цел на дојави за бомби. Поради тие закани привремено беше затворен аеродромот во Варшава, а беа активирани и воени авиони во Рим. Британските власти претходните инциденти ги оценија како лажни и злонамерни закани.

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?