Граѓаните реагираат: Реализацијата на „Булевар Македонија – фаза 2“ непосредно влијае врз секојдневниот живот и безбедноста

„Булевар Македонија – фаза 2“

Жителите и сопствениците на деловните простории во станбено-деловниот комплекс на улица „Антон Попов“ бр. 1, реагираат во врска со реализацијата на проектот „Булевар Македонија – фаза 2“.

Во своето обраќање до медиумите, тие посочуваат:

Сакаме уште на почетокот јасно да нагласиме: Ние не сме против изградбата на булеварот, ниту против развојот на Скопје. Напротив, сакаме подобар проект, похумано урбано решение и град во кој инфраструктурниот развој ќе биде во интерес на сите граѓани.

Нашата загриженост произлегува од конкретни решенија предвидени во проектот, кои непосредно влијаат врз секојдневниот живот и безбедноста на жителите.

Станува збор за новопланирана улица која поминува на само неколку метри од нашиот станбен комплекс, како и за огромниот отворен пристап кон подземната сообраќајница од страната на Кисела Вода. Сметаме дека овие решенија заслужуваат сериозно преиспитување, особено од аспект на безбедноста, влијанието врз објектот, животната средина и квалитетот на живеење.

Особено загрижува фактот што пристапот кон подземната сообраќајница не е решен на ист начин од двете страни. Додека од страната на Центар е предвиден влез и излез со по една сообраќајна лента, од страната на Кисела Вода е предвиден широк и долг отворен пристап. 

Во комплексот живеат 800 граѓани, меѓу кои деца и повозрасни лица, а во него функционираат и деловни простории. За нас ова не е само инфраструктурен проект на хартија, туку прашање за нашите домови, нашата безбедност и иднината на просторот во кој живееме.

Затоа бараме да се разгледаат можностите за:

  • Бришење на новопланираната улица непосредно до станбениот комплекс.
  • Покривање на отворениот пристап кон подземната сообраќајница од страната на Кисела Вода, со соодветно конструктивно решение и бетонско плато.
  • Независна стручна анализа на влијанието на предвидените градежни решенија врз безбедноста на станбениот објект.
  • Обезбедување соодветен, безбеден и функционален пристап до нашиот комплекс.

Веруваме дека за сè има доволно време и дека предвидените решенија можат да се разгледаат и подобрат пред да настанат последици што подоцна тешко ќе можат да се поправат.

Не бараме нешто што не ни припаѓа, ниту запирање на развојот. Бараме разбирање, одговорност и волја да се најде решение кое нема да го стави интересот на жителите наспроти интересот на градот.

Скопје треба да се развива, но притоа не смее да ги заборави луѓето кои живеат во него.

Ве замолуваме да ни излезете во пресрет и да помогнете овој проблем да стане видлив во јавноста. Сметаме дека станува збор за прашање од поширок јавен интерес, кое заслужува внимание од медиумите, надлежните институции и стручната јавност.

Нашата цел е едноставна: подобар проект, побезбедно соседство и похумано Скопје.

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Случајот бара оставка, а не само објаснување 633 (56%)
56 %
Требаше навреме да ја преиспита дозволата на банката, а не да реагира по скандалот во Србија 291 (26%)
26 %
Со преземените мерки ги заштити граѓаните 133 (12%)
12 %
Виновни се сопствениците и раководството на банката 78 (7%)
7 %

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Случајот бара оставка, а не само објаснување 633 (56%)
56 %
Требаше навреме да ја преиспита дозволата на банката, а не да реагира по скандалот во Србија 291 (26%)
26 %
Со преземените мерки ги заштити граѓаните 133 (12%)
12 %
Виновни се сопствениците и раководството на банката 78 (7%)
7 %