ЛДП: Итни оставки и интерпелација за Кочоска и Славески по скандалозните изјави за Алта банка

Алта Банка

Институционален хаос и алармантен доказ за целосен колапс на власта е признанието на министерката за финансии дека воопшто не била консултирана од гувернерот за влезот на Алта банка и за милионските скандали. Ова не само што е занемарување или лага, ниту пак само врвна неспособност – ова е безобразие, криминално однесување и за ова мора да има итни последици!

Ова се истакнува во соопштението на Либерално-демократската партија, во кое уште се наведува:

Додека македонските граѓани стравуваат за сопствените заштеди и се соочуваат со блокирани сметки, првиот човек на финансиите јавно пере раце, тврдејќи дека за најголемиот финансиски скандал во државата се информира исклучиво од медиумите. Ова е доказ дека владата функционира како раштиман оркестар каде што секој игра за себе, додека државните финансии и сигурноста на народот се носат во провалија. Ниту знаеле, ниту ги интересирало, а сега се глумат изненадени набљудувачи кои направија системот да се распаѓа до темел.

Либерално-демократската партија (ЛДП) бара итно отстранување, оставки и поднесување интерпелација за министерката за финансии и за гувернерот. Вие сте штеточини кои ја уништуваат државата со секојдневната неспособност, незрелост и криминална неодговорност. За вакви невидени скандали не се држат прес-конференции за перење раце, туку се поднесуваат оставки на цела влада.

Одете си веднаш, затоа што се неспособни и штетни! Со буџетот направивте хаос, нѐ задолживте до бесвест, џебот на граѓаните го пробивте, на банките им коленичите и им ги овозможувате провизиите кои го шурат народот. Државата не е ваша приватна прчварница, а народот нема повеќе да ви ги плаќа катастрофалните грешки!

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?