Хрватски „рафал“ пресретна авион по дојава за бомба, тревогата била лажна

Screenshot

Хрватски „рафал“ денес пресретна патнички авион на „Финер“, кој летал од Хелсинки кон Рим, по дојава за можна бомба во леталото. Пресретнувањето се случило во 8:41 часот меѓу Јастребарско и Карловац, а борбениот авион го придружувал патничкото летало до границата со Италија.

Авионот безбедно слетал во Рим, а по проверките било утврдено дека заканата била лажна. Од „Финер“ потврдија дека надлежните служби не пронашле ништо невообичаено во леталото.

Според хрватското Министерство за одбрана, „ербасот А320“ влегол во хрватскиот воздушен простор во 8:34 часот, на подрачјето меѓу Чаковец и Вараждин. Летот продолжил во правец на Истра и Италија, додека била активирана постапката за пресретнување.

Наредбата за дејствување ја издала Здружената воздухопловна команда на НАТО во Торехон, Шпанија. Хрватскиот ловец го пресретнал патничкиот авион седум минути по неговото влегување во воздушниот простор на земјата.

На границата со Италија придружбата ја презеле италијанските сили за брза воздухопловна реакција. Авионот на „Финер“ го напуштил хрватскиот воздушен простор во 8:54 часот.

Станува збор за летот AY1761, кој според авиокомпанијата пристигнал на римскиот аеродром Фјумичино според предвидениот распоред. Италијанските служби го прегледале леталото по слетувањето.

Портпаролката на „Финер“, Стина Тунанен, потврди дека истиот ден лажна закана за бомба добил и лет од Хелсинки кон Виена, кој за финската компанија го извршувал превозникот „Џеттајм“. Таа не можела да потврди како и кога компанијата ја добила заканата за летот кон Рим.

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали гувернерот Славески треба да понесе одговорност за случајот Алта банка?