Рацин.мк бара одговори од двете народни банки, кој знаел за ризиците во АЛТА банка и кога?

Редакцијата на „Рацин.мк“ испрати новинарски прашања до Народната банка на Србија и Народната банка на Република Северна Македонија за тоа дали македонскиот регулатор бил навреме известен за ризиците во работењето на АЛТА банка во Србија, пред одземањето на нејзината дозвола за работа.

Во прашањата се повикавме на Меморандумот за соработка во областа на банкарската супервизија од 2008 година, кој предвидува меѓусебно известување за ризици, значајни супервизорски мерки и настани што можат да влијаат врз стабилноста на банките со прекугранично присуство.

Од Народната банка на Србија побаравме да одговори дали и кога ја предупредила македонската Народна банка за ризиците во работењето на АЛТА банка, дали известувањето било испратено пред одземањето на дозволата и дали постои писмена евиденција за комуникацијата.

Од македонската Народна банка побаравме да прецизира кога првпат добила информации за проблемите во Србија, дали самостојно барала податоци и какви мерки презела за заштита на стабилноста на АЛТА банка АД Битола и нејзините клиенти.

„Рацин.мк“ ги очекува одговорите од двете институции, кои треба да разјаснат дали информациите за ризиците биле разменети навреме и како постапувале надлежните регулатори. Одговорите ќе ги објавиме по нивното добивање.

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?