Татко и син пронајдени мртви во Швајцарија по полициска потрага

Швајцарската полиција пронашла мртви 33-годишен маж и неговиот син на две и пол години во сместувачки објект во Ватвил, во кантонот Санкт Гален. Двајцата биле хрватски државјани со живеалиште во кантонот.

Потрагата почнала утрото на 3 ноември, откако градската полиција во Санкт Гален примила пријава дека таткото не го вратил детето кај мајката во договореното време. Родителите живееле одвоено. По проверки на градската и кантоналната полиција, таткото и детето биле пронајдени доцна истата вечер.

Кантоналната полиција соопшти дека околностите на местото упатуваат на сомнеж дека таткото го убил детето, а потоа си го одзел животот. Истрагата за точните околности ја води обвинителството на кантонот Санкт Гален. Во увидот учествувале и стручни лица од Институтот за судска медицина при кантоналната болница.

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?