2.158 амандмани за јавните набавки по ветото на Сиљановска-Давкова

Собранието

За измените на Законот за јавните набавки се поднесени 2.158 амандмани, откако претседателката Гордана Сиљановска-Давкова не го потпиша указот за нивно прогласување. Владејачкото мнозинство предлага да се избрише спорниот член 13, а најголемиот дел од амандманите ги поднел СДСМ.

Членот 13 ги уредува мандатите на претседателот и членовите на Државната комисија за жалби по јавни набавки. Според важечкото решение, тие се именуваат на пет години со право на уште еден избор, односно можат да останат на функцијата најмногу десет години.

Во измените што Собранието ги изгласа на 26 октомври стои дека тие имаат „право на повторно именување“. Сиљановска-Давкова во допис до собранискиот претседател Африм Гаши оцени дека со таа формулација се остава простор за неограничен број мандати. Според неа, тоа може да доведе до концентрација на моќ во тело што одлучува по жалби во постапки за трошење јавни пари.

Измените се на дневен ред на пленарната седница закажана за вторник, 10 ноември. Собранието ќе ги разгледува повторно во трето читање. Според Деловникот, амандманите во оваа постапка можат да се однесуваат само на укажувањата на претседателката. Ако пратениците повторно го усвојат законот со мнозинство од вкупниот број пратеници, Уставот ја обврзува претседателката да го потпише указот.

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?