Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ЕУ: Сребреница е една од најтемните страници на европската историја

Геноцидот во Сребреница е една од најтемните страници на европската историја и Европа се сеќава на својата одговорност и неуспехот да ги заштити жртвите, изјавија во заедничката изјава високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика Жозеп Борел и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.

Пред 28 години беше напишана една од најтемните страници на европската историја. Ја споделуваме тагата и болката на семејствата и пријателите на жртвите и луѓето кои го преживеаја геноцидот во Сребреница, велат двајца европски претставници пред утрешната комеморација на 28-годишнината од геноцидот во Сребреница.

Европа се сеќава на својата одговорност и неуспехот да ги заштити жртвите. Додека војната повторно беснее на европскиот континент, денес зависи од нас да се посветиме подобро да го браниме мирот и да ги заштитиме човечките животи, се вели во изјавата.

Борел и Вархеји нагласуваат дека Европската унија останува посветена на суверенитетот, независноста и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина и дека нејзината иднина е во ЕУ. Тие предупредуваат дека помирувањето може да се заснова само на вистината, правдата и мирот.

Не смее да има толеранција кон негирање на геноцидот, историскиот ревизионизам и глорификација на воените злосторници. Сите граѓански и политички лидери во Босна и Херцеговина се одговорни за соработка во градењето подобра иднина заснована на дијалог и меѓусебно разбирање, со цел зајакнување и одбрана на мирот и човечкото достоинство, за доброто на сите генерации, се додава во изјавата.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново