Македонски родители отидени „делиулу“ и се „кукд“

Македонските родители се повеќе имаат проблем да комуницираат со своите деца, затоа што се повеќе користат англицизми или изрази кои ги ги среќаваат на социјалните медиуми. Во една фраза ти си делулу, оди па најдете им зошто тоа го зборуваат и што сакаат да ви искомуницираат.

„Брат, кукд сме“ значи „готови сме, заглавивме“. А „let him cook“ е охрабрување да оставиш некого да продолжи, зашто добро му оди. Двата израза се појавуваат во истражување со ученици од Битола. Во Прилеп, пак, самите ученици запишале што си велат кога играат или се допишуваат. „Џојни“ е покана да влезеш во играта, а „се мјутна“ значи дека си го исклучил микрофонот.

Колку често младите зборуваат на англиски? За сите родени по 2000 година во Македонија нема репрезентативни податоци што покажуваат дека зборуваат повеќе англиски отколку македонски.

Локалните истражувања даваат поконкретен одговор. Во анкета со 50 тинејџери на возраст од 13 до 19 години во Скопје, Битола и Могила, околу 73 отсто рекле дека често или секогаш користат англиски зборови кога зборуваат во живо со другарите. Со родителите така одговориле околу 21 отсто, а со наставниците околу 4 отсто. Сите анкетирани посетувале и дополнителни часови по англиски.

Во истражувањето на Весна Продановска-Попоска со 119 ученици од едно основно училиште во Битола, 87 отсто го препознале „кринџ“, збор за нешто од кое ти е срам иако го прави некој друг. Околу 88 отсто ги препознале „флекс“, односно фалење или покажување, и „сус“, кога нешто ти е сомнително. Речиси исто толку знаеле што е „риз“, шарм со кој некој привлекува внимание, особено при флерт. А ако некој ти рече дека си „делулу“, веројатно се шегува дека си правиш филм и очекуваш нешто нереално.

Што ќе слушнетеШто значи во разговор
„We’re cooked“Готови сме, заглавивме.
„Let him cook“Пушти го да продолжи, добро му оди.
„She ate“ или „slay“Растури. Пофалба за настап, изглед или нешто што одлично го направила.
„Lock in“Ајде сега сериозно, фокусирај се.
„I’m dead“Умирам од смеење.
„Ме ghost-на“Одеднаш престана да ми пишува или да ми одговара.
„Touch grass“Излези малку надвор. Најчесто е задевање дека некој се занел со интернетот или со играта.

Тикток, Јутјуб и видеоигрите се места каде што младите ги слушаат овие фрази, а друштвото е местото каде што ги пробуваат. Во анкета со 156 ученици на возраст од 13 до 19 години, испитаниците почесто избирале реченици со англиски зборови кога темата била технологија или видеоигри. Како причина наведувале дека токму тие изрази почесто ги слушаат или ги користат. Учениците од прилепското „Климент Охридски“, кои анкетирале 86 врсници, велат и дека некои зборови едноставно им звучат „покул“.

Со другарите се зборува поинаку отколку на час. Некогаш тоа е дијалект, некогаш шега од Тикток, а некогаш цела реченица на англиски. Во говорот англиските зборови често добиваат македонски наставки, како „лајкна“ и „шерна“. Понекогаш се пренесува целата англиска конструкција. Еден млад скопјанец за „Призма“ раскажал дека другар му рекол „земи слика“ кога сакал да се фотографираат, по англиското take a photo.

Прашањето за литературниот македонски најдобро се гледа кога ученикот треба да напише состав, да прераскаже случка или да образложи став. Тогаш се гледа со колкав речник располага и колку јасно може да ја пренесе мислата. Самите прилепски ученици, во текстот што го напишале за својот говор, побарале повеќе книги што би сакале да ги читаат и повеќе содржини на македонски на интернет.

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?