Украинската амбасадорка со порака дека Украина ги брани интересите на цела Европа

фото: фб Украинска амбасада

Украина ги брани интересите на цела Европа, а меѓународната поддршка е критично важна во услови на постојани руски напади. Ова е пораката што ја пренесе украинската амбасадорка во Македонија, Лариса Дир, во објава на социјалната мрежа Икс за дипломатските средби на претседателот Володимир Зеленски.

Дир посочи дека ракетите за противвоздушна одбрана, енергетската поддршка за Украина, новите придонеси во иницијативата PURL и безбедносните гаранции биле клучни теми на средбите на Зеленски на Самитот на Европската политичка заедница.

Во објавата, амбасадорката сподели и изјава на украинскиот претседател, во која тој издвојува три резултати од дипломатските разговори: очекувано ослободување воени заробеници, поголемо вклучување на европските претставници во дипломатијата и подготовка на следни мултилатерални средби.

Според пренесената изјава на Зеленски, Украина очекува најголема размена на воени заробеници од почетокот на војната. Тој ја нагласува и потребата европските претставници да бидат рамноправни учесници на преговарачката маса, посочувајќи дека Украина ги брани интересите на цела Европа.

Зеленски најавува продолжување на дипломатските активности, додека Дир во својата порака ја нагласува важноста на натамошната меѓународна поддршка за земјата.

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?