Забраната за полетување на аеродромите во САД е укината, но остануваат доцнењата на летовите

летовите

Националната забрана за полетување, која влијаеше на летовите низ САД, е укината по речиси пет часа – но патниците сепак може да очекуваат долги доцнења додека аеродромите се обидуваат да го расчистат натрупаниот сообраќај, јави Би-Би-Си.

Американскиот секретар за транспорт, Шон Дафи, и секретарот за внатрешна безбедност, Марквејн Малин, претходно одржаа прес-конференција на која изјавија дека забраната за полетување била воведена поради неконзистентни податоци кои потекнувале од застарена опрема.

Дафи го припиша прекинот на старите системи за контрола на летање, кои не биле ажурирани поради недостиг на финансиски средства од Конгресот, и побара 50 милијарди долари за нов, „најсовремен систем“.

Малин нагласи дека нема докази оти забраната за полетување била предизвикана од сајбер-напад или дека е поврзана со вчерашниот прекин во работата на „Мајкрософт“ (Microsoft), додавајќи дека „никој во ниту еден момент не бил изложен на ризик“.

Ова е само вторпат – и најдолг период – ваква забрана да биде воведена по терористичките напади од 11 септември 2001 година.

Претставници од двете политички страни побараа истрага за настаните од петокот вечерта, со цел да се осигура дека „такво нешто никогаш повеќе нема да се повтори“.

Рацин.мк ве прашува:

Кој дел од системот е најодговорен за убиствата на жени?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Обвинителството и судовите (бавно постапуваат со ниски казни) 325 (28%)
28 %
Полицијата (не реагира доволно брзо) 320 (28%)
28 %
Парламентарното мнозинство (не гласаат законски измени за построга регулатива) 215 (19%)
19 %
⁠МОН (не дозволува сеопфатно сексуално образование) 185 (16%)
16 %
⁠Владата и премиерот (не ја третираат темата како кризна) 103 (9%)
9 %

Најчитано