Во Русија се точи понеквалитетен увозен бензин поради украинските напади на рафинериите

Руските власти побараа од домашните нафтени компании да го зголемат производството на бензин со понизок стандард на квалитет и нагло го зголемија увозот на нафтени деривати за да го спречат недостигот на домашниот пазар. Кризата со снабдувањето е последица на серијата украински напади со дронови врз руската рафинериска инфраструктура, кои сериозно ги намалија капацитетите за преработка на сурова нафта објави „Бизнис инсајдер“.

На состанок со претставниците на енергетскиот сектор, рускиот вице-премиер Александар Новак им наложил на нафтените компании приоритетно да го прошират производството на бензин со понизок квалитет и да ги забрзаат поправките на оштетените постројки. За да се овозможи ова, владата во Москва претходно ги ублажи техничките прописи и дозволи производство и продажба на гориво под стандардот Евро-5, кој на руските бензински пумпи се применуваше изминатите десет години.

Новите правила овозможуваат пласман на бензин со стандард Евро-2, кој беше забранет во Русија уште во 2013 година поради 50 пати повисоката содржина на сулфур. Горивото под стандардот К5 досега беше наменето претежно за извоз надвор од Евроазиската економска унија, како и за потребите на војската, државните резерви и нафтените полиња.

Иако Русија останува нето-извозник на сурова нафта, оштетувањата на рафинериите го попречија нејзиното преработување во готов бензин за домашните потрошувачи. Според податоците на меѓународните организации што го следат поморскиот транспорт на енергенси, Москва во последните неколку месеци драстично го зголеми увозот на готови нафтени деривати, главно од Мароко, Индија и Турција.

Проценките на енергетските аналитичари покажуваат дека вкупната преработка на нафта во Русија паднала на околу 3,7 милиони барели дневно, што е за приближно една третина помалку во споредба со нивото пред почетокот на војната. Од крајот на октомври беа регистрирани напади врз најмалку 13 руски рафинерии, од северозападниот дел на земјата покрај Балтичкото Море па сè до Сибир.

Недостигот веќе се чувствува директно на терен, каде што локалните власти и медиуми во најмалку шест руски региони воведоа ограничувања при точењето гориво на бензинските пумпи, објави „Бизнис инсајдер“. Во повеќето од овие области потрошувачите се ограничени на купување до 30 литри бензин дневно по возило, а во одредени региони беа активирани и системи за снабдување според парни и непарни регистарски таблички.

Стручњаците од автомобилскиот сектор предупредуваат дека редовната употреба на бензин со понизок стандард создава зголемен притисок врз системите за вбризгување, катализаторите и филтрите кај посовремените возила, но властите во Москва ги задржуваат олеснетите регулативи во сила со цел да го стабилизираат снабдувањето на домашниот пазар.

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Политичките пиромани – партии и лидери што палат поделби за поени 145 (55%)
55 %
Заспаните чувари на правдата – судови и обвинителство без казни за омраза 47 (18%)
18 %
Нашето опркужување – граѓаните со лајкување, сеир и молчење 36 (14%)
14 %
Трговците со кликови – медиуми и инфлуенсери што шират гнев 20 (8%)
8 %
Дигиталните војски – оние што диригираат со ботовите 15 (6%)
6 %

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Кој најмногу придонесува говорот на омраза да стане нормална појава во Македонија?

Веќе имате гласано на оваа акента.

Политичките пиромани – партии и лидери што палат поделби за поени 145 (55%)
55 %
Заспаните чувари на правдата – судови и обвинителство без казни за омраза 47 (18%)
18 %
Нашето опркужување – граѓаните со лајкување, сеир и молчење 36 (14%)
14 %
Трговците со кликови – медиуми и инфлуенсери што шират гнев 20 (8%)
8 %
Дигиталните војски – оние што диригираат со ботовите 15 (6%)
6 %