Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Шојгу предупреди дека доколку САД и дадат на Украина касетни бомби, Русија ќе биде принудена да искористи „слично оружје“

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска предупреди дека доколку САД ѝ дадат касетна муниција на Украина, Русија ќе биде принудена да користи „слично“ оружје, јавија британските медиуми.

Министерот истакна дека руската армија располага со касетна муниција, но досега се воздржувала од нивна употреба во украинската воена кампања.

Рускиот воен министер додаде дека контраофанзивата на Киев не ги постигнала целите во ниту еден од нејзините правци, забележува Тасс.

Според неговите податоци, од 4 јуни, украинската армија загубила над 26.000 војници и 3.000 единици различно оружје.

Оваа информација Шојгу им ја презентираше на новинарите за време на посетата на Република Татарстан, каде што изврши увид во работата на воените погони

Зачлени се на нашиот е-билтен