Г7 ќе испрати силна порака до Русија, на која и истекува времето

Долгорочниот ангажман за безбедноста на Украина, што денеска ќе го усвојат земјите од Г7, ќе и покаже на Русија дека времето работи против неа, изјави советничката за европски прашања во Белата куќа, Аманда Слоат.

– Планот ќе и помогне на Украина да изгради војска, која ќе може да се одбрани и да го одврати секој иден напад, наведе Слоат, додавајќи оти се работи за „долгорочна инвестиција“.

Американскиот претседател Џо Бајден и другите лидери на Г7 (Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и Канада) ќе се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски на крајот од Самитот на НАТО во Вилнус и ќе презентираат пакет кој содржи безбедносни гаранции. 

Најчитано

Рацин.мк ве прашува:

Дали здравите односи, личните граници и репродуктивното здравје треба да се учат во училиште?