Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Највисокиот украински командант во интервју ги призна напади врз руска територија

 Главниот командант на украинските сили Валериј Залужни во интервју за американскиот Вашингтон пост призна дека имало украински напади врз руска територија.

„Тоа е наш проблем и од нас зависи како да го уништиме овој непријател. Во војна е можно и неопходно да се убие на територијата на непријателот“, рече тој.

Артилериски оган и оган од беспилотни летала од Украина се најчестите и повторливи цели на руските погранични области.

Новинар од американскиoт весник забележа дека властите во Киев обично не ги признаваат прекуграничните напади.

Залужни рече дека оружјето произведено во Украина се користи во чести прекугранични напади.

„Ако нашите партнери се плашат да го употребат своето оружје, ние ќе убиваме со своето“, рече Залужни, алудирајќи на условот што го наметнаа западните сојузници, а тоа е дека испорачаното сојузничко оружје не смее да се користи за напади врз руска територија.

„Зошто, за да го спасам мојот народ, треба да барам дозвола од некого што да правам на непријателска територија?“, праша Залужни.

Во написот објавен во „Вашингтон пост“ пишува и дека Залужни сака да го врати црноморскиот полуостров Крим, што беше анектиран од Русија во 2014 година.

„Штом ќе имам средства, ќе направам нешто. Не ми е гајле – никој нема да ме спречи“. 

Зачлени се на нашиот е-билтен