Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Украинска гранична служба: Припадници на групата „Вагнер“ пристигнаа во Белорусија од Русија

Украинската гранична служба (ДПСУ) денеска потврди дека припадници на приватната воена група „Вагнер“ пристигнале во Белорусија од соседна Русија, јави Би-би-си.

ДПСУ наведува дека во тек е проценка за бројноста на тие припадници во Белорусија,  како и нивната точна локација и цели.

Во непотврдена информација се наведува дека конвој од околу 60 возила со припадници на „Вагнер“ рано утрово ја преминала границата со Белорусија.

.

Зачлени се на нашиот е-билтен