Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Момировиќ до министрите на ЕУ: Приштина продолжува да го спречува прометот на српска стока

Српскиот министер за внатрешна и надворешна трговија Томислав Момировиќ во писмо до министрите за трговија на земјите членки на ЕУ подвлече дека властите во Приштина со еднострани потези и ограничувања со години го нарушуваат заедничкиот пазар на ЦЕФТА и дека со намерно креирање на административни бариери го спречуваат нормалниот проток на стоки и функционирањето на заедничкиот регионален пазар, јави дописникот на МИА од Белград.

– Властите во Приштина со своите еднострани потези ја намалуваат предвидливоста на бизнисот за компаниите во регионот и со тоа создаваат огромни штети во нивната работа, се наведува во писмото на министерот Момировиќ.

Европската комисија претходно ги повика властите во Приштина да ги укинат сите ограничувања за прометот на српска стока, по официјалното обраќање на министерот Момировиќ до еврокомесарот за европско соседство и преговори за проширување, Оливер Вархеји, се наведува во соопштението на Министерството за внатрешна и надворешна трговија.

Зачлени се на нашиот е-билтен