Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Фон дер Лајен: Руската агресорска војна против Украина ги поткопува темелите на меѓународниот поредок

За време на посетата на Филипините, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен остро ја осуди „незаконската употреба на сила“ во Индо-Пацификот и во Украина, објави Еуроњуз.

Таа ги критикуваше „авторитарните лидери за кршење на основните принципи на меѓународното право“.

Фон дер Лајен изрази загриженост за променливиот и нестабилен глобален политички пејзаж, истакнувајќи ја агресијата на Русија против Украина како закана за меѓународниот поредок.

„Руската агресорска војна против Украина ги тресе темелите на меѓународниот поредок. Таа е во спротивност со Повелбата на ОН и основните принципи на меѓународното право, како што се територијалниот интегритет и суверенитет, и затоа Европа ја поддржува храбрата борба на Украина против агресорите“, истакна шефицата на ЕК.

Според неа, „не може да се толерира илегалната употреба на сила, ниту во Украина, ниту во Индо-Пацификот“.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново