Белгискиот Кралски институт за метеорологија денеска прогласи „жолта“ метео аларм во поголемиот дел на Белгија, во очекување на поројни дождови во вечерните, ноќните и раните утрински часови, во кој период се предвидува да наврнат од 20 до 35 литри дожд на квадратен метар.
„Жолтата“ фаза, што стапи во сила попладнево и ќе трае до утре до 8 часот, се однесува за реонот на главиот град Брисел, регионот Валонија, како и на фламанските провинции Лимбург и Брабант.
Од „жолтиот“ аларм се исклучени само северните и западните делови на Фландрија, каде во наредните часови се очекува да наварнат меѓу 10 до 20 литри дожд на квадратен метар .
„Жолт“ метео аларм може да се прогласи за период од најмногу 48 часа во очекување на појава на невреме со веројатност од најмалку 65 отсто.