Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

За Најчевска само министрите Албанци се виновни за проблемите во здравството

Професорката Најчевска вината за хаосот во здравството го насочува кон министрите Албанци и намерно или ненамерно изостави да ги спомне поранешните министри за здравство од македонска етничка припадност. Од осамостојувањето на Македонија досега имавме вкупно 15 министри, од кои 6 се Албанци.

Професорката Мирјана Најчевска на својот Фејсбук профил сподели вест со наслов: „ЛЕНТИТЕ ЗА МЕРЕЊЕ НА ШЕЌЕРОТ ВО КРВТА „ПАТУВААТ“ КОН МАКЕДОНИЈА: Меџити – Решаваме наследени проблеми, ова е резултат на неработењето на Беким Сали“, пришто постави прашање – А од кого се наследени проблемите? Од Имер Селмани? Бујар Османи? Арбен Таравари? Беким Сали?

Професорката Најчевска поставува тенденциозно прашањe и покрај тоа што во самиот наслов, а и во текстот пишува дека министерот Меџити посочи дека ги решава наследените проблеми во здравството од неговиот претходник Беким Сали.

Професорката Најчевска вината за хаосот во здравството го насочува кон министрите Албанци и намерно или ненамерно изостави да ги спомне поранешните министри за здравство од македонска етничка припадност. Од осамостојувањето на Македонија досега имавме вкупно 15 министри, од кои 6 се Албанци.Ова се министрите за здравство од осамостојувањето на Македонија: Перко Колевски (експертска влада), Јован Тофоски (СДСМ), Илија Филипче (СПМ), Петар Илиоски (СДСМ), Драган Данаиловски (ВМРО-ДПМНЕ), Петар Милошевски (Либерална партија), Ѓорѓи Оровчанец (Демократска алтернатива), Реџеп Селмани (ДУИ), Владимир Димов (СДСМ), Имер Селмани (ДПА), Бујар Османи (ДУИ), Никола Тодоров (ВМРО-ДПМНЕ), Арбен Таравари (Алијанса за Албанците), Венко Филипче (СДСМ), Беким Сали (Алтернатива), Фатмир Меџити (Алијанса за Албанците).

ЦМТ

Зачлени се на нашиот е-билтен